Авганистанските наркотици го преплавија Подмосковјето

Од:

Дрогата, конфискувана изминатите денови во регионот на Москва од руските полициски сили за борба против наркотиците е доволна за да го отруе половина од населението на главниот град, изјави вчера шефот на федералната служба за контролата на дрогата Виктор Иванов.

Тој информира за операцијата во Подмосковјето, во која беа конфискувани 150 килограми авганистански хероин.

Дел од пратката била скриена од таџикистански наркотрговци во европалети, превезувани од Казахстанци. На една од палетите пишувало „Алахго оправдува превезување на хероин за неверниците“.

Друга пратка била одземена од Таџикистанци и станува збор за хероин десет пати поконцентриран од тој што се продава на улица.

Според податоците на Обединетите нации секоја година во Русија од Авганистан влегуваат најмалку 12 тони хероин, во земјата има од еден од 1,5 милиони зависници од оваа дрога.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ