Два борбени брода на САД во Црвено Море се приближија кон бреговите на Египет

Од:

Два борбени брода на САД, кои патролираат на Блискиот Исток од мај, се приближија кон бреговите на Египет во Црвеното Море како мерка на претпазливост по соборувањето на претседателот Мохамед Морси од страна на армијата.

Претставници на Корпусот на маринците на САД истакнаа дека придвижувањето на бродовите поблизу до бреговите ќе го олесни движењето на хеликоптери и друга опрема во случај на потреба.

САД често испраќаат воени бродови во близина на земји опфатени од конфликти, во случај да се наложи заштита или евакуација на американски државјани или учество во хуманитарни операции.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот