УЕФА: Одлуката на шпанскиот суд за Супер лигата е „пристрасна“

Од:

УЕФА денеска поднесе барање до мадридскиот суд да биде изземен судијата, кој го води спорот меѓу Европската куќа на фудбалот и основачите на Супер лигата, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, и воедно поднесе жалба до Високиот суд во Мадрид поради „значителни неправилности во постапката“.

Од УЕФА посочија дека судијата, кој го води спорот е пристрасен и затоа очекуваат негово изземање во согласност со шпанското законодавство и во интерес на правдата.

Поаѓајќи од одлуката што мадридскиот суд ја донесе вчера, УЕФА мораше да ја суспендира дисциплинската постапка против Реал, Барселона и Јувентус, преостанатите три клубови, кои сè уште се поврзани со проектот за формирање Супер лига.

Паралелно со ова, УЕФА наведе дека и натаму ќе презема постапки во согласност со националните законодавства и законите на УЕФА со цел да ги заштите своите и интересите на сите страни вклучени во европскиот фудбал.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри