В понеделни епилог за процесот Груевски против Петковски

Од:

По тричасовниот процес по тужбата на премиерот Никола Груевски против лидерот на НСДП Тито Петковски , судот ја најави пресудата за 15 јули.

Тужбата Груевски ја покрена поради изјавата на Петковски во „Фокус“ каде кажа дека премиерот со писмо до генералниот секретар на Обединетите нации во 2008 година предложил дека името Република Македонија (Скопје) е прифатливо за земјава.

– Никогаш такво писмо не сум испратил и затоа поднесов тужба за клевета за да се докаже дека тоа не е така. Ќе потенцирам дека во пресудата на Хашкиот трибунал во точката 136 јасно стои дека постоел предлог од медијаторот Метју Нимиц за решение на проблемот наметнат од Грција поврзан со нашето уставно име кој дошол непосредно пред Самитот на НАТО во Букурешт и за кој ние сме изразиле волја да го дадеме на референдум за сите граѓани да можат да одлучат дали тој е прифатлив. Стануваше збор за предлогот Република Македонија во заграда Скопје, изјави Груевски по завршувањето на рочиштето во Основниот суд Скопје 2.

Тој рече дека очекува пресудата да биде во негова полза.

– Со самиот факт што јас тужам и сакам да докажам дека тоа не е точно, убеден сум дека тоа не е точно, очекувам дека пресудата ќе биде во моја корист, рече Груевски.

Тито Петковски пак спротивно од Груевски, изрази надеж дека пресудата ќе биде во негова корист.

– По однос на паричното побарување од 15 илјади евра Груевски не наведе ниту еден аргумент. Претпоставувам дека сака да го убеди судот дека е доволно што тој кажал дека има толкави побарувања и Судот да го прифати. Немаше мислење на вештак по ова прашање, едноставно тој смета дека судот треба да верува на неговата болка, рече Петковски по давањето на исказот.

За Петковски спорно е и тврдењето на премиерот дека по изјавата во Фокус му бил нарушен угледот и честа.

– Не знам каде виде дека му е повреден угледот и честа бидејќи тие се рефлектираат јавно. Ако тој имале некаков успех како лидер на партија, по она што јас го соопштив во неделникот „Фокус“ требаше да изгуби нешто на политички план што не се случи. Напротив локалните избори ги доби убедливо, рече Петковски.

Со тужбата Груевски побарува 15 илјади евра од лидерот на НСДП.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on