Потпишан меморандум за соработка меѓу штипскиот и вараждинскиот театар

Од:

Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков денеска потпиша меморандум со хрватскиот театар од Вараждин, со којшто двете институции ќе можат да соработуваат, но и да имаат гостувања со претстави, изложби, концерти.

-Ова значи продлабочување на нашата соработка, а произлезе од меморандумот кој го потпишавме со Здружението „Либертас“ од Штип преку претставникот Долорес. Имаме чест да правиме размена, особено во делот на режисери, актери, потоа да имаме некои музички дела да се разменуваат меѓу овие две институции, вели Трајков.

Стојан Матавуљ првенец на варажидинскиот театар вели дека соработката меѓу двете институции веќе трае цели 12 години.

-Храватскиот народен театар во Вараждин веќе соработува со штипскиот, а со потпишувањето на меморандумот се надевам дека оваа наша соработка, пријателство уште повеќе ќе се продлабочи, а ќе ја збогати и културата, вели Матавуљ.

Трајков на денешната прес-конференција го најави и фестивалот „Малиот Принц“, кој почнува од наредната недела, а ќе има детски претстави од Театарот за млади и деца од Скопје, потоа од театарот во Куманово и театар „Провокација“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации