Во троен самоубиствен бомбашки напад во градот Ал-Анбар во западниот дел на Ирак загинаа седум лица, меѓукои и четворица полицајци, јави агенцијата Анадолија.
Во нападот се поврдени и седум лица, а безбедносни извори наведуваат дека цел на нападот била полициска станица.
Никој се уште не ја презел одговорноста за нападот, а властите се загрижени заради можноста од зголемување на бројот на загинати.
Претпладнево во бомбашки напади во Киркук и Саладин, загинааа 32 лица.