Египетското движење Муслиманско братство објави денеска дека ќе продолжи со мирен отпор против симнувањето од власт на исламистичкиот претседател Мохамед Морси.
Таа исламистичка организација најавува дека ќе продолжи со отпор за „превратот“, со кој од власт беше симнат првиот демократски избран претседател на Египет и дека нема да се откаже од тој став.
Тие го осудуваат вчерашниот обид за убиство на генералот Ахмед Васфи во градот Рафах во близина на границата со Газа.
Египетските власти вчера побараа апсење на духовниот лидер на Муслиманското братство и на уште девет истакнати исламисти заради поттикнување насилство во Каиро.