Тројца амбасадори ќе ги претстават своите платформи пред собраниската Комисија за надворешна политика

Од:

Собраниската Комисија за надворешна политика денеска ќе одржи продолжение на седницата на која тројца новоименувани амбасадори за Москва, Виена и Рим ќе ги претстават платформите за нивната дипломатска активност.

Како што информира собраниската прес-служба, пред Комисијата ќе се претстават Ненад Колев, кој е именуван за амбасадор во Руската Федерација, Освит Росоклија во Република Австрија и Весел Мемеди во Република Италија.

На седницата на Комисијата завчера, своите тези ги претстави Слободан Узунов, новоименуваниот амбасадор за Индија.

Претставувањето на платформите пред матичната собрансика комисија е последна фаза пред заминувањето на амбасадорите на нивната дипломатска функција.

Би можело да ве интересира

Русопулос: Европската единственост не е подарок од географијата, туку избор на волја

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК