Администрацијата на Бајден ја намалува употребата на гас што ја загрева климата

Од:

Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА) денеска донесе правило со кое ќе се намали употребата на стакленички гасови што се користат во фрижидери и климатизери за 85 проценти во следните 15 години, потег што може да помогне за преполовување на емисиите на стакленички гасови во оваа деценија.

Правилото има за цел да ја искорени употребата на хидрофлуоројаглеводороди (ХФЦ) за 85 проценти во апаратите за домаќинство и го спроведува законот усвоен со двопартиска поддршка на Конгресот минатата година. Ова ќе ги доведе САД во согласност со амандманот Кигали на протоколот во Монтреал, глобален договор за намалување на ХФЦ, што САД се уште не го ратификувале.

„Тоа навистина испраќа сигнал до остатокот од светот дека сите ние сме вклучени во борбата против климатските промени“, изјави националната советничка за клима, Џина Мекарти.

Правилото беше донесено шест недели пред клучниот самит на ОН за климата во Глазгов. Претседателот Џо Бајден презентира неколку климатски мерки преку извршна акција, додека другите клучни климатски предлози зависат од усвојувањето на буџетот и инфраструктурните предлози од Конгресот.

Мекарти рече дека не знае кога Бајден ќе го испрати амандманот до Сенатот за ратификација.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел