Американската влада нема да ја прекине воената помош за Египет и за неговата армија,па ке му ги испрати четирите борбени авиони Ф-16 онака како што и порано беше предвидено и покрај сегашната внатрешно полтичка ситуација во земјата, пишуваат лондонските медиуми,повикувајки се на политички извори во Вашингтон.
Решението за испракање на воените авиони доаѓа по одлуката на САД да не го толкува соборувањето од власт на досегашниот претседател, исламистот Мохамед Морси како воен удар.
Големата американска воена помош од преку 1,5 милијарди долари годишно за египетската армија,можеше да биде прекината,доколкусменувањето на Морси беше оценето на пуч.
Сменетиот претседател,пред да биде тргнат од функцијата ја предупредуваше војската да не се меша во политиката затоа што ризикува да ја загуби американаката воена помош.
Муслиманското братство од каде потекнува Морси тврди дека во Египет е извршен „класичен воен удар“ но опозицијта, либералните организциии и противниците на исламизацијата тврдат дека немало воен удар,туку дека само е продолќена револуцијата што го предизвика уривањњто на режимот на Хосни Мубарак.