Црна Гора ќе го менува Уставот поради ЕУ

Од:

Владеачката коалиција и дел од црногорската опозиција постигнаа договор за уставни промени во областа на правосудството, што е еден од условите за понатамошен напредок кон ЕУ.

За промена на Уставот на Црна Гора, потребно е двотретинско мнозинство во парламентот.

Уставниот одбор го прифати предлогот за измена на највисокиот правен акт, со кој се предвидува државниот обвинител и судиите на Уставниот суд да се избираат со двотретинско мнозинство во парламентот, а доколку такво мнозинство не се постигне ќе биде потребна поддршка од три петини пратеници.

Црногорскиот парламент за измените на Уставот во областа на правосудството ќе се изјасни на седницата која е закажана за 31-ви јули.

Уставните промени се еден од условите Црна Гора да продолжи со преговорите во поглавјата 23 и 24, кои Европската комисија ги оцени како клучни за натамошен напредок на државата во европските интеграции.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време