Шкотската полиција ги предупреди младите на смртната опасност која ја носат зелените таблети екстази на кои е втиснат знакот „Ролекс“.
Полицијата предупредува дека таблетите содржат токсични хемикалии, меѓукои е опасниот хемиски стимуланс РМА, кои би можеле да имаат потенцијално смртоносни ефекти, пишува весникот „Дејли рекорд“.
Весникот наведува дека последната жртва е 18-годишна девојка од Александрија во областа Вест Данбартоншир. Со неа во болница биле примени и две женски лица на возраст од 21 и 25 години.
Тоа е седми смртен случај поврзан со таблетите, а полицијата предупредува и на таблети со знакот „Мицубиши“.
Главниот лекар Ричард Стивенсон од болницата во Глазгов изрази длабока загриженост поради случајот.
– Симптомите на труење се висока температура, агресија и болка во мускулите како и халуцинации и преголема возбуденост, изјави тој, додавајќи дека исходот не мора да биде смртоносен, ако пациентот на време се обрати на лекар.