18 години од геноцидот во Сребреница

Од:

Денеска се навршуваат 18 години од влегувањето на силите на Војската на Република Српска во Сребреница. Во оваа бошњачка енклава, која тогаш формално била под заштита на Обединетите нации, е извршен геноцид на локалното население.

Нападот на Сребреница започнал на 6. јули 1995. и завршил пет дена подоцна, со влегувањето на војската под команда на Ратко Младиќ во градот.

srebrenica18god

Според обвинувањата на Хашкиот трибунал, војската под команда на генералот Младиќ, до 19. јули 1995. година организирано и систематски убиле околу 8.000 муслимани, мажи и момчиња, извршувајќи геноцид.

Околу 30.000 жени и деца се депортирани за два дена.

Во меморијалниот центар во Поточари кај Сребреница денеска ќе бидат погребани останките на 409 идентификувани жртви. Меѓу нив има едно новороденче и 44 малолетни момчиња.

До сега се погребани 5.657 жртви.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски