Народна банка: Годишен раст на депозитите од 9,9 проценти и на кредитите од 6,4 отсто

Од:

Вкупните депозити, во август, на годишна основа, се повисоки за 9,9 проценти, при раст кај двата сектора – корпоративен и домаќинства, којшто е поистакнат кај корпоративниот сектор. На годишно ниво, вкупните кредити, пак, во август, бележат раст од 6,4 проценти, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка на С Македонија.

Како што се наведува во соопштението од НБ за монетарните движења во земјава за август 2021 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2), се зголемила за 1,6 отсто во споредба со претходниот месец. Нагорната промена, се посочува, главно е резултат на повисоките депозитни пари, при остварен помал раст и кај краткорочните депозити и долгорочните депозити до две години, додека готовите пари во оптек бележат пад. На годишна основа, паричната маса бележи раст за 11,5 проценти, во најголем дел под влијание на растот на депозитните пари и краткорочните депозити, во услови на помал раст и кај останатите компоненти.

‒ Вкупните депозити во август, остварија раст од 1,8 отсто и 9,9 отсто на месечно и годишно ниво, соодветно. Растот на депозитите е резултат на повисоките депозити кај двата сектора, со поизразено учество во месечниот и годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор. Во август, вкупните кредити се намалени за 0,3 отсто на месечна основа, во целост како резултат на падот кај кредитите на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, вкупните кредити се повисоки за 6,4 проценти, под влијание на растот на кредитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, се наведува во соопштението.

Во однос на депозити и кредити на корпоративниот сектор, се посочува дека во август, вкупните депозити на корпоративниот сектор, бележат раст за 4,0 отсто на месечна основа, како резултат на растот на сите компоненти, кој е најизразен кај депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута. На годишна основа, вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат зголемување за 20,2 проценти, коешто во најголем дел се должи на повисоките депозитни пари и краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при пад на краткорочните депозити во денари.

Кредитите на корпоративниот сектор, пак, овој месец, се намалени за 0,8 отсто на месечна основа, пред сѐ поради падот на кредитите одобрени во странска валута, при помало влијание и на падот на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, се посочува, кај овие кредити е забележан раст од 4,5 проценти, којшто во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Во однос на депозити и кредити на домаќинствата се наведува дека кај вкупните депозити на домаќинствата, во август, е забележан месечен раст од 0,9 отсто, којшто во целост се должи на зголемените депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута, при остварен пад кај останатите компоненти. Во споредба со истиот месец претходната година, овие депозити се повисоки за 7,4 проценти, под влијание на растот кај депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута и во денари, додека долгорочните депозити во денари и во странска валута бележат пад.

Во август, кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,2 отсто, како резултат на растот на кредитите во денари и странска валута, којшто е малку поизразен кај кредитите во странска валута. Годишниот раст изнесува 7,9 проценти и се должи на зголемените кредити одобрени во двете валути, со поголем придонес на кредитите во денари.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во август, потрошувачките кредити, како една од најзастапените категории, се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа се повисоки за 6,9 отсто. Станбените кредити се зголемени за 0,6 отсто и 16,2 отсто на месечна и годишна основа, соодветно. Овој месец, кај автомобилските кредити е забележан месечен и годишен пад за 1,1 отсто и 17,5 проценти, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,4 отсто и 9,9 проценти, на месечна и годишна основа, соодветно. Негативните салда на тековните сметки, во август, се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, при годишен раст од 1,8 проценти, додека кредитите одобрени врз други основи бележат месечен и годишен пад од 1,1 отсто и 27,1 отсто, соодветно, се наведува во соопштението од Народна банка.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски