Османи – Матуела: Неопходна е јасна политичка порака за европска иднина на земјите од регионот

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се сретна со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела.

Османи и Мутуела, како што информират од МНР, направија преглед на постигнатиот напредок во поглед на имплементација на агендата поврзана со ЕУ, а се осврнаа и на актуелниот статус на нашето европско досие.

Од МНР соопштуваат дека на состанокот е разговарано и за текот на подготовките, клучните теми и очекуваните резултати во врска со октомврискиот Самит ЕУ-Западен Балкан, во рамките на словенечкото претседателство со ЕУ, при што беше оценето дека Самитот мора да испрати јасни политички пораки за иднината на земјите од Западниот Балкан во однос на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

Османи: Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка