Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) победи на трката од Светското првенство во мотоциклизам за Големата награда (ГН) на Сан Марино на патеката во Мисано во елитната класа во Мото ГП.
За Бањаја ова е втора победа во серија, откако минатата недела Италијанецот триумфираше во Алканиз.
Французинот Фабио Квартараро (Јамаха) мина втор низ целта во Мисано, а третото место го освои италијанскиот возач Енеа Бастијанини.
Квартараро и натаму има голема предност во генералниот пласман и води со 234 бодови, пред Бањаја со 186.
Следната трка во најсилната класа во Мото ГП ќе се вози на 3 октомври во Остин, Тексас.