Патнички авион на српската компанија „ЈАТ Ервејз“ принудно беше вратен на белградскиот аеродром поради „безбедносни и технички“ причини, јавија белградските медиуми.
Авионот полетал на редовна линија од Белград за Рим, но набрзо бил повикан да се врати назад.
Досега нема објаснување какви „технички и безбедносни“ проблеми имал авионот.