Датон: Австралија ќе изнајми или купи подморници

Од:

Австралија ќе ја разгледа опцијата за изнајмување или купување подморници од САД или Велика Британија додека се гради нејзината флота подморници на нуклеарен погон, изјави денеска за локалните медиуми австралискиот министер за одбрана Питер Датон.

Тој истакна дека само неколку дена откако Австралија стапи во регионално безбедносно партнерство со САД и Британија, очевидно во обид да се спротивстави на кинеската авторитативност во индо-пацифичкиот регион, што и отвори пат да добие подморници на нуклеарен погон.

Подморниците не се очекува да бидат готови до крајот на 2030 година.

Според него, разговорите ќе се одржат во наредните 12 до 18 месеци.

– Приказната дека можете да купите подморница на нуклеарен погон од полица, се разбира, едноставно не е точна, и мислам дека повеќето луѓе го разбираат тоа, истакна Датон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа