Непалски суд осуди маж на 170 години затвор поради што продавал деца на мрежата за проституција во Индија.
Баџир Сингх Таманг (37) е осуден бидејќи на неполнолетни девојки им ветувал дека ќе работаат како домашни помошнички во земјите од Блискиот Исток и во Индија, а ги продавал на јавните куќи во Индија.
Шест девојки под 16 години, кои беа спасени од групите за човекови права во периодот од 2007 до 2009 година, поднесоа тужба против Таманг.
Покрај долгата затворска казна Таманг треба да плати и отштета во висина од 1,3 милиони непалски рупии (14.500 долари).