Лидија Димковска и Никола Маџиров на поетски фестивал во Колумбија

Од:

На 23. Меѓународен поетски фестивал во Меделин, Колумбија, кој се одржува од 6-ти до 13 јули, од Македонија учествуваат Никола Маџиров и Лидија Димковска.

Маџиров на фестивалот учествуваше и во 2011 година, а Лидија Димковска покрај  Македонија на фестивалот ја претставува и Словенија. Како и останатите учесници од сите страни на светот, тие секојдневно имаат читања на различни локации во градот и во околните места.

Учесниците на фестивалот ги читаат песните на мајчин јазик и во препев на шпански, а сите заедно ќе настапат на завршната вечер, на 13 јули.

Песните на учесниците, на англиски и на шпански јазик, се содржани и во зборникот „Прометео“ кој се објавува на секое фестивалско издание.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска