Египетското обвинителство издаде денеска наредба за апсење на десет високи претставници на „Муслиманско братство“, меѓукои на лидерот на исламистичкото движење Мохамед Бадија, за поттикнување кон насилство пред штабот на Републиканската гарда во понеделникот, при што беа убиени 57 лица.
На списокот се и заменик-лидерот на „Муслиманско братство“ Махмуд Езат и за Есам ел Ериан и Мохамед ел Белтаги, лидери на Партијата за слобода и правда, поврзана со исламистичкото движење.
Портпаролот на „Муслиманско братство“ ја осуди наредбата за апсење како обид за запирање на исламистичките протести против воениот преврат во Египет.
На крајот на минатата седмица Мохамед Бадија веќе беше приведен за поттикнување кон насилство, но потоа беше ослободен.