Париз откажа гала вечара во Вашингтон поради „избрзaниот“ договор меѓу САД и Австралија

Од:

Гневни поради најавата на претседателот Џо Бајден за договор меѓу САД и Австралија за распоредување американски нуклеарни подморници, француски дипломати денеска во знак на протест откажаа гала вечера во Вашингтон во чест на важен американско-француски историски настан, јави Њујорк тајмс.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, се забeлежува криза во односите меѓу двете земји откако францускиот врв изрази фрустрација поради постапката на Вашингтон да заобиколи претходно официјализиран договор меѓу Камбера и Париз во 2016 година за снабдување на Австралија со не толку софистицирани француски подморници.

Гала вечерата требаше да се одржи утре во француската амбасада во Вашингтон за чествување на „240-та годишнина од битката Чесапик“, во која во 1781 година Французите помогнаа во американската револуција за независност од крунатa. Француски висок морнарички офицер кој требаше да учествува на прославата се враќа во Париз предвремено, пишува весникот.

Во интервју за „Франс радио“, францускиот мнистер за надворешни работи го опиша договорoт меѓу САД, Австралија и Велика Британија како „унилатералена, брутална, непредвидлива одлука“, како оние на Доналд Трамп. Коментарот следуваше по заедничка изјава на министерот и на неговата колешка Флоренс Парли, министерка за одбрана, дека „американскиот избор да исклучи европски сојузник и партнер како Франција“, e „одлука за жалење“, и „покажува недостаток на кохерентност“.

Нивото на гневот на Французите наликува на жолчната поделеност меѓу Париз и Вашингтон во 2003 година околу војната во Ирак, а се користат досега неслушнати изрази, пишува весникот.

Според аналитичарите, Вашингтон е незадоволен од амбивалентниот однос на Франција и ЕУ кон Кина и допуштањето на кинеското влијание во Европа

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија