(ВИДЕО) Субрата Рој: Имам големи планови и амбиции, но треба време

Од:

Индискиот милијардер Субрата Рој повторно пристигна во Охрид, со поголема група претставници на менаџментот на Сахара Индиан Паривар и повторно ја најави неговата инвестиција во Љубаништа. Од првото најавување на истата инвестицијата досега помина точно една година.

– Ја сакам оваа земја и затоа сум тука. Дојдов со голема делегација. Претстојат многу работи што треба да почнат. Работите созреваат и можам да кажам дека тука сум со големи планови и амбиции, но за се е потребно време, изјави Рој.

Тој повторно планира да оди во Љубаништа, каде жителите не сакаат да слушнат за неговата инвестиција, зашто според новите измени на неколкуте закони земјиштето ќе им биде одземено за по 1 евро за метар квавдратен, а потоа бесплатно ќе му биде дадено на Субрата Рој. Пазарната вредност на овие парцели е по 300 евра за метар квадратен , односно предвидената локација вреди најмалку 15 милиони евра.

subrata-roj

-Не го обвинуваме инвеститорот, државата е таа која треба да ни каже што и како. Ако гледаме формално правно, државата е таа која земјоделското земјиште го претвора во градежни земјиште. Инвеститорот не го интересира ништо, сите имотни правни процедури ги решава државата а тој ќе дојде овде кога државата ќе му рече-еве ти земјиште. Ние се плашиме дека нема да добиеме ниту денар за тоа земјиште кога ќе биде земено со експропријација, рече жител на Љубаништа.

За цела оваа година индискиот милијардер го следат низа контраверзи како и аферата во неговата земја каде што излажал 2 милиони граѓани и судовите му наложија да плати 5 милијарди долари отштета. Индиското регулаторно тело СЕБИ ги предупреди партнерите и потенцијални соработници на Субрата Рој во февруари годинава да бидат внимателни со бизнис зделките на неговите компании.

Сите плаќања со Sahara India Real Estate Corp Ltd, Sahara Housing Investment Corp Ltd како и со тројцата директори -Vandana Bhargava, Ashok Roy Choudhary и Ravi Shankar Dubey, да се прават на сопствен ризик “, соопштија од СЕБИ.

saharaja

За најавениот грандиозен комлекс на Индиецот охридскиот градоначалник Никока Бакречевски недоамна најави дека ќе биде завршен во 2020 година.

-Очекувам да се реализира овој проект. До крајот на вашиот мандат? Мислам дека тоа е невозможно, бидејки се разботи за огромен комплекс кој што вклучува многу објекти, многу градежни активност. Во склоп на тој објект треба да има околу 50 објекти за апартманско сместување, десеттина хотели, спа центри и луксуни вили. Ќе треба да се прават и водни пристапи за пловни објекти, така да е невоможно за четири години да се изгради еден таков голем комплекс, кој ако се изгради ќе биде најубавиот во Еврпопа“, рече Бакрачески.

Во меѓувреме Субрата Рој стана предмет на потсмев по социјалните мрежи, а беше и опеан со песна на „Златна Бубамара“.

-Ако треба цела земја им ја даваме, наши сме си, пари не им бараме, Субрата Рој, јој јој, кој од кој, брате мој, се пееше за Индиецот.

Власта цело време тврди дека Субрата Рој е сериозен во неговите намери и не очекува ништо слично како скандалот во Индија. Дека е така, потврди и со одлуката да му подари цела парцела на скопскиот плоштад каде Индиецот треба да изгради спомен обележје на Мајка Тереза во висина од 32 метри.

Рој неодамна од локалната самоуправа во Охрид побара и дополнителни 17 хектари земјиште потребни за изградба на капацитети за сместување на персоналот што е предвидено да го опслужува комплексот.

П.П.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска