ЕК: Албанија со највисок процент на смртност во 2020 година

Од:

Албанија забележа највисок процент на морталитет во Европа во 2020 година, како резултат на пандемијата со Ковид-19, се наведува во последниот извештај на Европската комисија, пренесуваат албанските медиуми.

-Во документот се наведува дека дополнителните смртни случаи во Албанија во текот на 2020 година биле за 27 отсто повеќе од годишниот просек во периодот 2016-2019 година. Овој процент покажува дека смртните случаи во Албанија во текот на минатата година се повеќе од двојно од дополнителните смртни случаи во земјите на Европската унија и повисоки во споредба со земјите од регионот, пренесуваат албанските медиуми.

Податоците од извештајот го покажуваат фактот дека Албанија платила висока цена по здравјето на своите граѓани, бидејќи по три месеци карантин, рестриктивните мерки беа олеснети и не беа доволно почитувани, земјата се соочи со силен бран инфекции минатата зима, каде дополнителните смртни случаи достигнаа кулминација.

-Според податоците на албанскиот државен институт за статистика, ИНСТАТ во 2020 година починале 27.605 лица, со зголемување од околу 26 отсто во споредба со претходната година или околу 5.700 повеќе.Според официјалните податоци, поголемиот број од дополнителните смртни случаи во 2020 година доаѓаат од срцеви заболувања и непознати причини, наведуваат медиумите.

Високиот процент на смртност продолжил и во првиот квартал од годинава. Вклучувајќи го и првиот квартал од 2021 година, смртните случаи во периодот од 2 март 2020 година до 15 март 2021 година бележат раст од 41 отсто.

По Албанија, највисоки дополнителни стапки на смртност на Балканот, лани се регистрирани во Босна и Херцеговина со 17 отсто и Северна Македонија со 12 отсто.

По Албанија, Полска е втората земја во Европа со најголем раст на смртни случаи со околу 21 отсто, па Естонија со над 20 отсто.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Мицкоски: И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко

Горан Наумовски

Вархељи за пакетот за проширување: ЕУ го задржа и зајакна моментумот на проширување во текот на 2024 година