Албанскиот премиер побара гласање доверба за владата „Рама 3“

Од:

Со подадена рака за соработка со опозицијата и категорично против каква било странско посредување, албанскиот премиер Еди Рама побара денеска во Собранието да се изгласа доверба за програмата на владата „Рама 3“

Владината програма Рама ја нарече амбициозна и вети дека ќе даде се од себе овој историски мандат на Социјалистичката партија во извршната власт да биде најуспешен.

-Амбициозна програма која се надевам дека со Божја помош и поддршка на Албанците, со визија, страст, трпение и тврдоглавост, што не ни недостигаат, ќе ја реализираме работејќи трипати повеќе во овој историски мандат за СП. Ќе направиме се да го претвориме во најуспешен на една албанска демократска влада, не до денес, бидејќи тоа е лесно, туку за годините и годините што доаѓаат, рече Рама од собраниската говорница.

Презентирајќи ја програмата тој вети големи инвестиции, зголемување на просечната плата, пензиите, платите на здравствените работници, продолжување на напорите за заздравување на економијата по катастофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември 2019 година и пандемијата со Ковид-19, напорите за благосостојба за сите граѓани и развиена економија која создава можности за сите.

Исто така, тој ги посочи модернизацијата за развој на производната економија, туризмот, енергетиката, земјоделството, дигиталната економија, транспортот и услугите. Семејството, како основа на која се гради иднината и петтиот столб е фокусот на силна Албанија, со силна држава, внимание за секој Албанец и со достоинство во светот.

-Главните приоритети во надворешната политика се одржувањето на првата меѓувладина конференција за интеграција во ЕУ и унапредување на иницијативата „Отворен Балкан“ и можноста за соработка со Косово, Црна Гора и Босна, пакетот за интерконекција и инвестиции на Берлинскиот процес. Исто така се обврзуваме дека ќе лобираме за признавање на Косово од сите земји во светот и негово прифаќање како земја со целосни права во ОН, најави меѓу другото Рама.

Експозето траеше речиси еден час и 40 минути и беше затворено со аплауз на социјалистичките пратеници, по што побара гласање за доверба на новата влада, која е прва со повеќе жени министри.

-Ова е влада со најголемо внимание кон жените во Албанија. Горд сум. Тоа не беше намерна почетна точка како во првиот мандат, туку природна дестинација, рече тој.

Од 16 министерски места во владата „Рама3“ дури 12 ќе ги раководат жени.

Неговата Социјалстичка партија има 74 места во овој нов законодавен дом што произлезе од изборите на 25 април, а отворена подршка имаат и од тројцата пратеници од Социјалдемократската партја на Том Доши.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати

А1он

Рама: Тажен сум што братска Македонија не е денеска со нас, нанесена и е голема штета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ