Блинкен ги објасни причините за постапките на Администрацијата околу повлекувањето од Авганистан

Од:

Државниот секретар Ентони Блинкен, на сослушувањето по повод повлекувањето на американската војска од Авганистан што вчера и денеска се одржува во Конгресот, изјави дека тековната Администрација од претходниците наследила договор со талибанците кој оставал малку простор за маневри.

Синоќешното сослушување пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом траеше пет часа. Денешното пред сличниот по функција комитет во Сенатот веќе започна. Во своето воведно излагање, Блинкен изјави дека Доналд Трамп, претходникот на сегашниот претседател Џо Бајден, на Адинистрацијата ѝ оставил „крајни рокови, но не планови“ за заминување од Авганистан, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Кога претседателот Бајден во јануари стапи на должноста наследи договор што неговите претходници го склучиле со талибанците за повлекување на остатокот од американските сили до 1 мај оваа година. Во рамките на тој договор претходната Администрација согласила за ослободување на пет илјади талибанци од авганистанската влада, вклучувајќи воени командири со висок ранг. Притоа, нашето воено присуство било скратено на 2.500 војници, изјави Блинкен.

На сослушувањето тој прими повеќе критики како од републиканците така и од демократите, поради наводно неуспешното завршување на најдолготрајната војна на Америка.

– Кон јануари 2021 година движењето Талибан го достигна зенитот на својата воена сила по (терористичките напади на) 11 септември, а ние имавме најмал број на војска во земјата од 2001 година. Како резултат на тоа, откако претседателот Бајден стапи на функција, беше исправен пред избор меѓу завршување на војната и ескалација. Ако тој се откажеше од исполнување на обврските договорени од претходниците, во тој случај нападите врз нашите сојузници би се обновиле и Талибан би започнал сенационална офанзива на големите градови во Авганистан, рече Блинкен.

Според него, во тој случај „ќе требаше да се распореди значајна американска воена сила за сопствена заштита и за да се спречи талибанците повторно да не ја приграбат власта, а тоа би предизвикало човечки жртви“.

Сенатскиот комитет очекуваше присуство и на министерот за одбрана Лојд Остин, кој сепак не се појави на сослушувањето.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија