УКИМ потпиша меморандум за соработка со Универзитетот „Бен Гурион“ од Израел

Од:

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Велимир Стојковски  и ректорот на Универзитетот „Бен Гурион“ во Бир Шева, Израел, Зви Хакоен, потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, науката и културата.

Целта на Меморандумот, како што соопшти денеска Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е да се зајакне и официјализира научната интеракција меѓу двете институции преку поттикнување на размена на академски и административен кадар и студенти.

Соработката меѓу универзитетите ќе се одвива во рамките на областите застапени на двата универзитета.

Со Меморандумот се предвидуваат заеднички научни и истражувачки проекти, размена на наставен кадар, размена на студенти, организирање на заеднички конференции и работилници, како и размена на публикации, универзитетски изданија, книги и соработка во комуникациските мрежи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар