Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Павлески судија на престижните награди „Go Global”

Од:

Директорот на Агенцијата странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески, е еден од 15-те судии кои денеска ја вршат селекцијата на пријавените светски компании на Go Global Awards 2021 во организација на Мeѓународниот трговски совет (International Trade Council) со седиште во Вашингтон, САД.

Агенцијата за странски инвестиции, како што соопшти, прв пат е дел од доделувањето на престижните признанија на компании на меѓународно ниво, откако претходно учествуваше на меѓународната конференција The Think Global Conference организирана од International Trade Council во април оваа година на која како почесен говорник се обрати директорот на Агенцијата со презентација за инвестициските и извозните потенцијали на земјата.

Учеството на Go Global Awards на компаниите учеснички обезбедува деловно вмрежување, влез на нови пазари и дава „билет” за нови деловни можности.

Оваа година за престижните награди на „Go Global” беа пријавени 4372 компании од 176 земји, од кои 780 влегоа во конкуренција за освојување на награда.

Добитницитете на наградите ќе бидат објавени на 5 октомври 2021 и ќе добијат пристап до уникатни меѓународни платформи преку обемната мрежа на членови на Меѓународниот трговски совет во 176 земји.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски