Турскиот амбасадор во Каиро денеска бил повикан во египетското Министерство за надворешни работи во знак на протест поради мешањето на официјална Анкара во внатрешните работи на Египет, јави ИТАР-ТАСС.
Египетските власти изразиле длабоко жалење поради повиците на Турција за мешање во внатрешните работи на Египет од страна на Советот за безбедност на ОН и регионалните фактори.
Истовремено, Каиро ја обвини Анкара дека се обидува да ги сврти другите земји против Египет.