Најмалку три лица се повредени во трка со бикови, во шпанскиот град Памплони, која се одржува по повод уличниот фестивал.
Директорот на болницата во Навара, Хавијер Сесма изјави дека три лица се повредени на уличниот фестивал Сан Фермин, во двеминутната трка со бикови во град на север на Шпанија, но за среќа повредите не се сериозни.
Националната телвизија објави снимки на двајца учесници кои биковите ги кренале со роговите и ги фрлиле на земјата и за чудо избегнале да не бидат прегазени од животните и другите учесници во трката.
Стотици зависници од адреналинот секој ден учествуваат во трката со бикови, низ градот на патека долга 850 метри.
Елена Георгиевска