Израелската војска пронајде остатоци од првата ракета испалена од страна на Египет на 3-ти јули, кога е урната исламистичката влада во државата, изјави официјално лице од армијата.
И двете страни соопштија дека во четврток слушнале неколку експлозии во израелското летувалиште Ејлат на Црвеното море.
Израелскиот воен портпарол прецизира дека остатоците се пронајдени на ридовите северно од Ејлат кој се граничи со Египет на запад и Јордан на исток.
Исламистичката група на сафилистите т.н. Ансар Бајт ал Макдес, што во превод значи „следбеници на Ерусалим“, издаде соопштение дека испалила ракети врз Ејлат, односно врз резервоари за гориво и стамбени подрачја.
Групата ги обвини Евреите за падот на Морси и наведе дека тоа е причината за напад на Израел.
Високи израелски официјални лица минатата недела изразија надеж дека со поставување на судијата Адлиј Мансур, за привремен претседател ќе дојде до обнова на контактите со владата во Каиро, кои главно беа замрзнати за време на владеењето на Морси.
Eлена Георгиевска