Поради пречекорување на лимитот за потрошени средства мината сезона, екипите на ЛА Лејкерс, Мајами, Бруклин, Њујорк, Чикаго и Бостон ќе мораат да платат така наречен „данок на луксуз“ кој е воведен во НБА лигата.
Лејкерси ќе платат 29,5 милиони долари, а останатите пет екипи значително помала сума (од 1,1 до 13,3 милиони долари). Вкупната сума која ќе се собере за овој данок изнесува околу 70 милиони долари. Половина од овие средства ќе бидат распределени на тимовите кои не ја пречекорија границата одредена со „селери кап“.
За сезоната 2013/14 НБА лигата соопшти дека „селери кап“ (дозволен лимит за трошок) ќе изнесува 58,6 милиони долари.