Протест во Приштина против задолжителната вакцинација

Од:

Неколку десетици граѓани денеска излегоа на протест во главниот град на Косово, против одлуката на Владата за задолжително вакцинирање против Ковид-19.

Организаторите на протестот најавија дека владината одлука за сертификати за примени вакцини ќе ја дадат на Уставен суд, затоа што сметаат дека таа е нелегитимна и ги загрозува човековите права и слободи.

– Премиерот го однесе во мрак населението и не сака никого да слуша. Не се почитуваат нашите права и според Уставот ова е кршење на нашите права. Затоа, нема да дозволиме насилно да бидеме боцкани, а нема да дозволиме ниту нашите деца да ги вакцинираат, изјави Арианит Сламнику, еден од организаторите на протестот.

Тој најави дека жалбата против последните владини одлуки, од август годинава, за приложување ковид сертификати, негативни РТ-ПЦР тестови или докази за прележана зараза при учество во одредени јавни активности, ќе ја поднесат во Уставен суд во текот на утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

Косово продолжува да ги олеснува анти-ковид мерките

Косовските општини бараат укинување на полицискиот час

Здравствените власти на Косово бараат одлагање на локалните избори

Рекордни 36 починати во 24 часа од Ковид-19 во Косово

Косово повторно воведе полициски час и режим за влез во земјата

Катерина Ѓуровски

Во сите балкански земји расте бројот на новозаболени од Ковид-19, Србија и Косово со повеќе од 1.000 нови случаи

Катерина Ѓуровски