Претседателот на Србија Томислав Николиќ денешната прес конференција со високиот претставник на Европската Унија, Кетрин Ештон, ја искористи да и го пренесе „ветувањето“ кое му го дал британскиот премиер Дејвид Камерон, при нивната средба на финалето во Вимблдон.
Николиќ кажа дека на мечот Новак Ѓоковиќ-Енди Мареј се сретнал со британскиот премиер, кој бил „видно уплашен за исходот од мечот“.
-Тој ми рече: Барајте се што сакате, членство во ЕУ..само немојте да не победите-го прераскажа Николиќ разговорот со британскиот премиер.
Тој низ смеа прокоментира дека сега од Ештон бара да се исполни тоа ветување.
-Ние своето го направивме, за жал, изјави Николиќ.