Од Министерството за внатрешни работи информираат дека исчезнал штитеник од дом за деца со воспитно социјални пролеми.
„На 09.09.2021 во 13.00 часот во Полициската станица Центар, воспитувачка во Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми пријавила дека од установата се оддалечил нивниот штитеник С.Ј.(13), кој и претходно се оддалечувал од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.