Либералниот економист Хазем ел Беблави привремен премиер на Египет

Од:

Привремениот претседател на Египет, Адли Мансур денеска го именува либералниот економист и поранешен министер за финансии Хазем ел Беблави за претседател на преодната египетска влада.

Како што јави ИТАР-ТАСС, 76-годишниот Беблави најверојатно ќе формира привремен владин Кабинет составен од технократи.

Новиот премиер беше вицепремиер за економски прашања и министер за финансии во Кабинетот на Исам Шараф во 2011 година. Тој поднесе оставка во октомври истата година, откако 26 лица, главно христијани, беа убиени од страна армијата и силите за безбедност при растурање на демонстрации.

Вршителот на должноста претседател на Египет во исто време го назначи поранешниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Мохамед ел Барадеј за нов вицепремиер одговорен за надворешната политика.

Тврдокорната исламистичка партија Нур, која го превенираше политичкиот процес, изразувајќи резерви за неколку претходно предложени кандидати, соопшти дека ќе го поддржи назначувањето на Беблави. Таа дополни и дека се уште го рзагледува именувањето на Барадеј.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина