ЈП „Македонијапат“ информира дека од денеска во наредните 10 дена сгобраќајот на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост ќе се одвива наизменично по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот ќе се одвива по една лента поради изведување градежни работи, односно асфалтирање, соопштуваат од ЈП „Македонијапат“.