Кина изрази загриженост поради развојот на случувањата во Египет и ги повика сите страни во државата да се вратат на владеачките права, мирот и социјалната стабилност.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чуњинг упати ваков повик кога на редовната конференција новинарите ја прашаа за состојбата во Египет.
Според нејзините зборови, Кина добила релевантни извештаи од Египет и нив ги загрижува насоката по која што се движат работите.
Хуа истакна дека Кина се надева дека Египет ќе го избегне насилството и дека разликите ќе се решат низ дијалог и консултации.
Елена Георгиевска