Србија стана малцински сопственик на фабриките „Горење“ на нејзина територија

Од:

Српскиот министер за финансии и економија Млаѓан Динкиќ и претставници на словенечката компанија „Горење“ денеска потпишаа спогодба за заеднички инвестиции за проширување на производството на белата техника.

Согласно спогодбата, планирано е во следните три години да бидат отворени 700 нови работни места во фабриките на „Горење“ во Зајечар, Ваљево и Стара Пазова.

Српската Влада се обврзува до 31 јануари 2015 година да инвестира 15 милиони евра, со што ќе стане малцински сопственик на сите фабрики на „Горење“ во Србија.

Парите ќе бидат искористени претежно за проширување и модернизација на фабриката за машини за перење алишта во Зајечар, во која во следните две години српската држава и словенечката компанија ќе инвестираат вкупно 22 милиони евра и ќе се отворат 200 нови работни места.

Словенечката фирма од своја страна се обврза да купува од српските производители голем дел од компонентите, кои се вградуваат во нејзините апарати за домаќинство.

„Горење“ е еден од најголемите извозници од Србија. Оваа година се очекува извозот на производите на компанијата да достигне од 130 до 140 милиони евра. Освен машини за перење под брендот „Горење“, фабриката ќе произведува и машини за перење на компанијата „Панасоник“, со која словенечката фирма пред неколку дена склучи договор за стратешко партнерство

Планирано е фабриката во Зајечар да почне да произведува 450.000 машини за перење годишно, наменети претежно за извоз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски