Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) пресуди денеска дека доживотната казна затвор која се применува во Велика Британија е „нехумана и понижувачка“, како одговор на жалбата на тројца најозогласени британски убијци.
Во соопштението на ЕЦХР, со седиште во Стразбур, се наведува дека пресудите против Џереми Бамбер, осуден за убиство на пет членови на своето семејство во 1985, серискиот убиец Питер Мур и двојниот убиец Даглас Винтер треба да вклучат можност за ревизија.
Судот истакна дека фактот оти „нема надеж дека тие затвореници некогаш ќе бидат ослободени“, претставува кршење на нивните права, додавајќи сепак дека денешната пресуда не е донесена во намера „да најави скорешно ослободување на подносителите на тужбата“.