Министрите за финансии од 28 членки на ЕУ дадоа денеска зелено светло за влез на Летонија во еврозоната од 1 јануари 2014 година.
– Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ (ЕЦОФИН) донесе конечна одлука, одобрувајќи го членството на Летонија во еврозоната од 2014 година, соопштија претставници на Литванија, која во моментот е актуелен претседавач со ЕУ.
– Вистина е дека наредната година влегуваме во еврозоната, изјави летонскиот премиер Валдис Домбровскис, додавајќи дека тоа не се само добри вести за Летонија, туку за цела Европа и еврозона.
Летонија во текот на 2008-2009 година излезе од кризата и стана најбрзо растечка економија на ЕУ, со раст од над пет отсто во 2011 и 2012 година.