Прослава на Денот на независноста пред Собранието

Од:

Свечената програма по повод 30-годишнината од независноста денеска ќе започне пред Собранието на Република Северна Македонија во 17:15 часот со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови” од Живоин Глишиќ, специјално напишана во чест на овој значаен јубилеј.

Директен пренос во живо ќе се емитува на првиот канал на Националната телевизија и на Јутјуб и Фејсбук каналите на Владата на Северна Македонија.

Симфонијата „Убави денови“ ќе ја изведе Филхармонијата на Северна Македонија под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Веднаш потоа ќе започне делот свечено дефиле пред Собранието на Република Северна Македонија кое ја отсликува нашата држава, нашата мултикултурна традиција и нашата европска определба, институциите на државата и граѓанскиот сектор, оружените сили, здравството, пожарникарите, земјоделието, индустријата, спортот и културата, како приказ на нашето општество денес, еднакво за сите граѓани.

Церемонијалниот дел на програмата за одбележување на 30-годишнината од независноста (во 18:30 часот) ќе започне со изведба на уметнички акт на Филхармонијата на Република Северна Македонија сочинет од изведба на Бетовеновата „Ода на радоста“ со вокалните солисти од Националната опера и балет Ирена Кавкалевска – мецо сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Кристијан Антовски – бас, со вклучена кореографија на учениците од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Овој дел од програмата ќе се затвори со изведбата на антологиската „Абер дојде Донке“ во изведба на Влатко Стефановски.

Програмата по повод 30 години од независноста потоа продолжува со обраќањата на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери (видео обраќање) и со обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев.

Веднаш потоа ќе започне музичката програма (19:30 часот) со изведба на музички сплет од познати нумери специјално аранжиран за оваа пригода, отпеан на јазиците на седум етнички заедници кои живеат во Република Северна Македонија, во изведба на Вера Милошевска – Јосифовска, Јехона Шакири, Елеонора Мустафовска и Минела Богдановиќ, во продукција на Димитар Димовски.

Во рамките на културно-уметничката програма потоа следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Во завршниот дел на музичката програма е предвидена изведба на антологиски забавни песни што ќе ги исполнат Мики Јовановски Џафер, Никола Перевски Пере, Тамара Тодевска, Дешира Ахмети, Џон Илија Апелгрен, Ристо Вртев, Светлана Јовановска, во придружба на Филхармонијата на Северна Македонија како и инструменталната изведбата на албанската народна песна „Бареша“.

Предвиден е и свечен огномет.

Би можело да ве интересира

Понеделник 9 септември неработен ден за сите граѓани

Мицкоски во Битола, Села не ја славеше независноста-бирале кандидати за градоначалници

А1он

Заев: Од најдоброто во минатото создадовме држава со сосема извесна европска иднина

А1он

Пендаровски: Независноста не ни е подарена, туку е дело на многу генерации водени од идеалот за слободна и своја држава

А1он

Дефиле, премиерна симфонија, визуелни и музички перформанси – дел од програмата за 30 години независност

А1он

Почна централната церемонија по повод јубилејот – 30 години независност

А1он