Дефиле, премиерна симфонија, визуелни и музички перформанси – дел од програмата за 30 години независност

Од:

Здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, национални ансамбли и културно-уметнички друштва, продефилираа низ центарот на главниот град, во рамки на одбележувањето 30 години независност.

Церемонијата почна со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од композиторот Живоин Глишиќ, а ќе продолжи со официјалниот дел во кој се предвидени обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

Официјалниот дел ќе биде отворен со интонирање на државната химна.

По обраќањето на премиерот ќе почне церемонијалната програма. Филхармонијата ќе ја изведе Бетовеновата „Ода на радоста“ со вокалните солисти од Националната опера и балет Ирена Кавкалевска – мецо сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Кристијан Антовски – бас, со вклучена кореографија на учениците од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Покрај официјалните гости и медиумите, според протоколот и актуелната состојба со пандемијата, на церемонијата пред Парламентот и долж улицата „11 Октомври“ присуствуваат и акредитирани граѓани кои приложиле вакцинален сертификат или потврда за прележаност на КОВИД.

Претседателот Стево Пендаровски денеска по повод Денот на независноста, со орден „8 Септември“ ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание, како и пратениците во мандатниот период од 1990 до 1994 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Битола, Села не ја славеше независноста-бирале кандидати за градоначалници

А1он

Заев: Од најдоброто во минатото создадовме држава со сосема извесна европска иднина

А1он

Пендаровски: Независноста не ни е подарена, туку е дело на многу генерации водени од идеалот за слободна и своја држава

А1он

Почна централната церемонија по повод јубилејот – 30 години независност

А1он

Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме

А1он

Прослава на Денот на независноста пред Собранието

А1он