Куман за преселбата на Гризман во Атлетико: Едноставно ужасно

Од:

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, се произнесе за преселбата на напаѓачот Антоан Гризман во Атлетико, на последниот ден од летниот преоден рок.

– Она што се случи со преселбата на Гризман во Атлетико последниот ден од преодниот рок беше страшно. Немавме многу време да најдеме решенија. Да, тој има добар договор и неговото заминување помогна да се подобри финансиската состојба на Барселона. Затоа се согласив на неговиот трансфер, го цитира Куман „Sport.es“.

Атлетико го изнајми Французинот на последниот ден од преодниот рок. Ако одигра 50 отсто од натпреварите, тогаш клубот од Мадрид автоматски ќе мора да го откупи играчот.

Во летото 2019 година, Барселона му плати на Атлетико 120 милиони евра за Гризман. За Каталонците настапи вкупно 102 натпревари, постигнувајќи 35 гола.

Би можело да ве интересира

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

Отказот на Куман ќе ја чини Барселна огромни 12 милиони евра

Гризман стана првиот играч во историјата на ЛШ кој постигнал два гола и добил црвен картон на ист натпревар

Ана Ололовска

Куман: Веќе ми здодеа да се бранам

А1он

Куман: Барселона благодарение на мене има иднина

А1он

Лапорта: Целосно го поддржувам Куман, тој ја има целата слобода во спортските работи

А1он