Муслиманско братство го одби предлогот за нов устав и за изборите

Од:

Високи функционери на Муслиманското Братство го одбија денеска планот на привремениот претседател на Египет Адли Мансур, за промена на нацрт-Уставот, за спроведување референдум, како и за можноста за организирање парламентарни избори во земјата во идната година.

Според Есам ал Еријан, заменик лидер на политичкото крило на Братството, партијата на слободата и правдата, ваквиот план само ја доведе земјата назад, на почетната точка. Правниот советник на оваа исламистичка партија Ахмед Абу Барак во изјава за Би-Би-Си вели дека објавениот план на Мансур е „невалиден и нелегитимен“.

Функционери на Муслиманското братство инсистираат дека земјата има претседател и нема потреба да се гласа за нов, додека привремениот претседетал, постaвeн од армискиот врв е нелегитимен, па сите негови планови и проекти се „невалидни“.

Нацрт на Уставот на Египет, претходно, го подготвија исламистите, но тие беа тргнати од власт со интервенција на египетската армија, заедно со доскорешниот исламистички претседател Мохамед Морси, по неколкудневните жестоки протести на опозицијата на либералите и на приврзаниците на секуларната држава.

Планот на Мансур, поранешен претседател на Уставниот суд, предвидува отворање на јавна расправа околу новата верзија на египетскиот Устав, што би требало да почне во идните две недели.

Расправата, заедно со поднесувањето на амандмани, како и референдумот, за прифакање на новиот Устав, треба да завршат во период од четири месеци,по што би се одржале изборите за нов состав на Парламентот. Изборот на нов египетски претседател би се одржале подоцна, откако ке се конституира новиот Парламент.

Муслиманското братство и исламистичките партии кои бараат враќање на Морси на функцијата, во почетокот не реагираа на проектот за транзиција на Египет и за воспоставување на демократијата во земјата. Промовирањето на проектот на привремениот египетски претседстел доаѓа по досега тешкиот инцидент пред касарната во која се наоѓа главниот штаб на Републиканската гарда.

Во инцидентот, според тврдењето на Муслиманското братство, загинале 53 нивни симпатизери, а неколку стотици се повредени. Тргањето на Морси од претседателската функција, за неговите симпатизери и за Муслиманското братство е „воен удар“, но за египетската опозиција и за противниците на исламизацијата во земјата, падот на досегашниот претседател е само „континуитет на револуцијата“ со која беше соборен од власт Хосни Мубарак.

Портпарол на Муслиманското братство најави и денеска „масовни протести со седење“ на плоштадите низ Египет во знак на поддршка на сменетиот претседател Морси.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина