ВИДЕО: Силен земјотрес во Мексико, има загинати

Од:

Најмалку едно лице загина, а неколку објекти се оштетени во земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мексико во текот на ноќта.

Епицентарот бил во близина на градот Акапулко на длабочина од 20 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот, пренесува Ројтерс.

Делови од мексиканската престолнина и Акапулко останаа без електрична енергија.

Локалните власти потврдија дека едно лице настрадало при пад на комунален столб.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски