Бенчиќ по трет пат стигна до четвртфиналето на УС Опен

Од:

Олимписката шампионка Белинда Бенчиќ ја совлада Ига Свјатек од Полска во 1/8 финалето на УС Опен со 2:0, по сетови 7:6 и 6:3. Мечот траеше 2 часа и 10 минути. Првиот сет се играше 1 час 24 минути, тај-брејкот заврши со резултат 14:12.

Сега резултатот во меѓусебните мечеви на 1:1.

Швајцарската тенисер по трет пат во кариерата стигна до четвртфиналето на Грен слем турнирите. И претходните два пати беа во Њујорк, 2014 и 2019 година.

Најдобар пласман за Бенчиќ е полуфиналето на УС Опен-2019.

На последните 14 натпревари, Бенчиќ има 13 победи. На УС Опен 2021, таа се уште нема загубено ниту еден сет.

Следна ривалка на Бенчиќ ќе биде подобрата од дуелот Шелби Роџерс (САД) – Ема Радукану (Велика Британија).

Би можело да ве интересира

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

ВИДЕО: Одигран е најлудиот меч во историјата на УО Опен