САД и сојузниците од Авганистан евакуирале 124.000 луѓе

Од:

САД, со помош на меѓународни партнери, евакуираа повеќе од 124.000 луѓе од Авганистан, од кои 6.000 Американци, соопшти денеска Стејт департментот.

– Сакам да им се заблагодарам на нашите сојузници и партнери. Оваа операција беше глобален потфат во секоја смисла, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој додаде дека некои земји помогнале во воздушниот транспорт, додека други се согласиле привремено или трајно да прифатат бегалци од Авганистан.

Повеќе од 20 земји учествуваа во акцијата за евакуација на американски државјани, дипломатски персонал од САД и други земји, и загрозени Авганистанци.

– Работиме деноноќно за да се осигураме дека американските граѓани, ранливите авганистански цивили и другите можат безбедно да стигнат до нивните крајни дестинации, соопшти Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија