ВИДЕО: Белоруската опозициска лидерка Марија Колесникова осудена на 11 години затвор

Од:

Судот во Белорусија денеска ги осуди водечките опозициски активисти на 10 и 11 години затвор.

Лидерката на протестите минатата година против претседателот Лукашенко, Марија Колесникова, која се наоѓа во притвор од септември минатата година, а судот ја прогласи за виновна за обид за преземање на власта, создавање екстремистичка организација и повикување на дејствија што ја нарушуваат државната безбедност, е осудена на 11 години затвор.

Кога, наводно, белоруски тајни агенти ја донеле на границата со Украина минатиот септември и со цел да ја протераат од земјата, го искинала пасошот и се вратила во Белорусија, кога била уапсена.

Адвокатот Максим Знак, кој се соочи со истите обвиненија, е осуден на 10 години затвор.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад