Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска во Хамбруг, Германија, ќе учествува на бизнис форум за промоција на поволностите кои Република Македонија ги нуди за отворање и реализација на инвестиции.
Како што информира владината прес-служба, во делегацијата се и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестициин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зонин Виктор Мизо.
Форумот е организиран во соработка со Стопанската комора во Хамбург.
Владината делегација ќе има и повеќе средби со претставници на повеќе германски компании кои имаат интерес за инвестирање во Македонија.